Да не се прави естрада од Лукас,случајот не заслужува внимание. Мицковски за инцитентот со турбо фолкерот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше прашан како ги коментира обвинувањата за наводна вмешаност во апсењето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци.

 

„Јас не ни знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од кабинетот да ме информираат пред неколку дена мислам дека тогаш се случило.

 

Претпоставувам дека некој сака да направи естрада од тоа што таму се случило и да ја пренесе тука, но мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова“, рече Мицкоски.

Додаде дека законите и правилата се јасни и дека секој мора да ги почитува. „Многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери“, нагласи премиерот.

Српскиот турбо фолкер Аца Лукас во саботата околу полноќ беше приведен од полицијата во Кавадарци за време на настапот во кафе барот „Рома“ со образложение дека не го пријавил неговиот престој,во клубот за време на настапот имало 700 наместо 200 гости и по повеќечасовно задржување во кавадаречката полиција судијата му одредил прекршочна казна.

Back to top button
Close