„Да не водевте деструктивна политика, до сега ќе имавме нови автобуси“

Да не водевте деструктивна политика на наш и ваш градоначалник, до сега ќе имавме нови автобуси, туку немаше ниту Скопје да се гуши во смет, а може и ќе се направеше некој капитален проект, пишува на Фејсбук советничката во Советот на Град Скопје од Левица – Катерина Јовановска.

„Читам, самопрогласениот иден градоначалник на Скопје (кој впрочем велеше дека ќе победи уште во првиот круг) тврди дека ќе има стабилно мнозинство во Советот на Град Скопје или сака да каже дека одлуките во Советот ќе поминуваат „глатко” и нема да се „кочат”. За да има мнозинство во Советот потребни се 23 советници, што значи советниците на ДПМНЕ ќе мора да коалицираат со уште некој, затоа што освоија 18 советници и најверојатно тоа ќе биде ВРЕДИ кој има 6 советника, со што би имале 24 гласа или поточно мнозинство. Значи сами НЕМААТ мнозинство, а уште помалку стабилно“ пишува Јовановска.

„Да прашам: Зошто советниците на ДПМНЕ би гласале за одлуки кои се добри за Скопје и граѓаните на Скопје само ако се поднесени од “нивен” градоначалник? Нели би било подобро наместо наш и ваш градоначалник, да размислуваме како заеднички да го направиме Скопје поубаво?“ прашува советничката од Левица

Back to top button
Close