Да се намали акцизата на горивата, ДДВ-то на основните прехрамбени производи, цената на патарините, бара Филипче
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека партијата во текот на денот ќе поднесе пакет законски предлози со цел намалување на ценовниот притисок врз граѓаните, во услови на растечки трошоци за живот.

„Ќе ги поднесеме нашите предлог-закони за намалување на акцизата на горивата, намалување на ДДВ-то за основните прехранбени производи и преполовување на патарините. Апелираме до оваа ненародна, корумпирана власт да ги прифати и да им излезе во пресрет на граѓаните“, изјави Филипче.
Тој оцени дека Владата не презема соодветни мерки во време на економска криза и раст на цените.
„Не растат платите, а наместо итни владини седници за помош на граѓаните, владиниот тим се шета во Брисел на прослави“, рече Филипче.
Лидерот на СДСМ предупреди дека граѓаните се соочуваат со сериозен економски притисок, особено поради најавените поскапувања на струјата и растот на цените на основните производи.
„Кога граѓаните утре нема да можат да ги платат надуените сметки за струја и нема да можат да обезбедат ни половина од потрошувачката кошничка, треба да се сетат дека премиерот бил на прослава на ЕПП“, додаде Филипче






