Да се потсетиме и да одадеме признание кон родоначалникот на македонското литерарно создавање за деца и млади

На денешен ден,1980 година, во Охрид, почина писателот Ванчо Николески, најпознатиот македонски писател за деца и млади од првата повоена генерација.
Николески спаѓа во основоположниците на македонската литература за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна.
Основно училиште завршува во родното село Црвена Вода, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје.
За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите: „Климент Охридски“ и „Младо поколение“.
Од 1950 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија.
Автор е на прославената стихозбирка „Македонче“, објавена во 1946 година, со која беа поставени темелите на современата македонска книжевност за деца.
Познати негови дела се: „Школско ѕвонче“, „Крај огништето“, „Прва радост“, „Чудотворен кавал“, „Волшебното самарче“.
Неговите дела се преведени на сите југословенски јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик.
Ванчо Николески е роден во селото Црвена Вода, Дебрца, на 10-ти јуни 1912 година.
Мештание од ова село со гордост го носат и слават името и делото на Николески. Неговите роднокрајци, пред 7 години, го формираа, наменски, Здружението за литература и култура, МАЦКОВО, и го организират Балканскиот поетски камп за млади “Ванчо Николески”.
Во обновената училишна зграда, во две простoрии, уредија “Спомен соба”, додека на влезот од родната куќа поставија обележје.
Ова здружение, заедно со единствената установа што во Македонија го носи неговото име – Основното училиште во Лескоец, крај Охрид, се единствение кои придонесуваат да не се заборави името и делото на овој писател.
ДПМ ја воспостави традиционална награда за роман за деца “Ванчо Николески”.
И тоа е се од (не)грижата за културното наследство кај нас. А таа не е од денеска.
Ванчо Николески е погребан на градските гробишта во Охрид, ден по смртта, на 16 април 1980 година. Го испратија мал број роднини и пријатели, но ниту еден од официјалните државни и општински институции.
Без претходен договор, на еден од присутните, му текна дека “не е добро големиот писател да биде фрлен во гробот без збор почит!”, те побараа од мене, како соселанец, јас да го сторам тоа.
Фатен во небрано, се нафатив, а обраќајќи му се со зборовите: “драги Ванче”, настана смеа и коментар – те не е дете!?
Ние во Црвена Вода, така го викавме – Ванче.
Повиканите институции ниту денеска не се прегрбуваат во негувањето на делото и споменот на Николовски. Министерството за култура, втора година, не помага финасиски, во одржувањето на Поетскиот камп,сеедно кој седнал на тронот на власта.
Не дека Министерстгото не го знае придонесот и мисијата на Здружението МАЦКОВО од Црвена Вода со Балканскиот поетски камп, ама, така им чини. Или, некој внатре, од лични причини, организира отпор!!!
Министерството за култура, на својата официјална страница, го најавуваше Кампот, а и го завршуваше на крајот. Го употребуваше како референца, ама, финасиска поддршка не заслужува,
Затоа не го забораваме, претходниот претседател, Стево Пендаровски, единствениот кој, 5 години по ред, за целиот досегашен мандат, секоја година кон учесниците се обраќа со посебно Послание, кога има прилика се сретнува со нив, а во една прилика, дојде во Црвена Вода, и, мегу другото, ја разгледа “Спомен собата” во училишната зграда.
Минатото лето, со нив се сретна и новата претседателка, Гордана Сиљаноска Давкова.
Кампот започнува, традиционално, на денот кога започнуваат СВП, со што учесниците можат да проследат и дел од манифестациите на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“.
Манифестацијата се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, а со поддршка од Охрид и Дебрца.
За оваа дејност, МАЦКОВО е носител на посебна Плакета на Хрватското книжевно друштво.
Ако ни е за утеха, никој не станал поп во своето село!?