Да се продолжат кризните состојби со топлинска и електрична енергија, предлага Владата


Предлог одлуки за продолжување на кризните состојби со топлинска и со електрична енергија до 30 април годинава се усвоени денеска на седница на Владата и ќе бидат испратени на усвојување во Собранието.

Предлог одлуките се во согласност со заклучоците, мерките и препораките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи што се усвоени на владината седница.

Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е прифатен предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, до 30.4.2023 година.

Воедно, како што дополнуваат, прифатен е и предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државава, до 30.4.2023 година заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Back to top button
Close