Да забришеме

Ај, ќе збориме за иднината. Ќе се ослободиме од стегите на минатото. Тргањето на бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ има цена. И сетики, ќе ја платиме. Оти, колку и да се лутиме сега, идентитетските прашања и оспорувања ќе се затворат со влез во ЕУ.
Ама, смее ли некогаш да се искритикува Заев, а да не те обвинат дека си вмровец? Или бранковист? Или антиевропеец? Зошто кон сите кои сме се нашле повредени од неговите ставови во врска со Бугарија и тоа јавно го кажуваме, веднаш се почнува со дискредитации, со хејтање по социјални мрежи, со банерчиња од типот „сети се снао“, со пораки: „Не му заборавајте на Заев што сѐ направил“. Многу направил и многу издржал. Супер. Ама, белким и ние сме направиле нешто. И нашите претци направиле и издржувале. Еве, тетка ми Маре издржала три години во бугарски затвор во Битола. И по ослободувањето, цел живот издржала да не ни ја пренесе омразата кон Бугарите оти никогаш не раскажа што ѝ правеле во затворот.
Паметењето што сѐ направил Заев не треба да нè натера да заборавиме што направиле нашите антифашистички претци. Држава ни направиле.

Не верувам дека дури и самиот Заев толку им забележува на тие што му се лутат за ставовите во бугарското интервју, колку што се вознемирија партиските ботови. Не е за осуда тоа што го бранат и го дообјаснуваат, оти имал добри намери, ама лошо бил сфатен. Ама, во покажувањето лојалност и подлизурковство отидоа до таму да ги исмеваат луѓето што извадија слики од старите албуми и постираа споменици со имињата на своите претци кои се бореле против бугарскиот фашистички окупатор.

Што е тоа поразлично од оние што, за да му се додворуваат на Никола Груевски, пиеја вода од Дојранското Езеро за да докажат дека водата е чиста?

Целата колумна на Горан Михајловски на „СДК“ на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close