Дабова шума и папрат горат на планината Добра Вода, а мешана шума во Чучер Сандево и Липково

Шест пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 12 часот на територија на државата. Два се активни, два се под контрола, а два изгаснати, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи.

Првиот активен пожар е на територија на општина Македонски Брод. Дабова шума и папрат горат над селото Бенче на планината Добра Вода. Вториот активен пожар е во регионот на општините Чучер Сандево и Липково – селата Малино, Танушевци и Лукаре. Опожарена е мешана шума.

Под контрола се пожарите во општина Прилеп, село Дабница и место викано „Три багреми“, каде горат ниска вегетација и ѓубре и во гевгелиското подрачје, приземниот пожар на планината Кожуф.

Во општина Шуто Оризари, на депонијата „Визбегово“ било запалено ѓубре. Ниска вегетација горела во општина Студеничани, селата Марково Сушица и Осинчани.

Back to top button
Close