Дачиќ: Курти „воведе некои негови Срби” во Владата на Косово за да ги реализираат големоалбанските цели
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска, реагирајќи на назначувањето на Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово, изјави дека премиерот на таа влада Албин Курти, „вовел некои од своите Срби за да се остварат големоалбанските цели”.
– Она што го направи Курти е апсолутно спротивно на духот на дијалогот и она што беше кажано во тој бриселски дијалог. Целта отсекогаш била Србите да учествуваат во институциите, затоа и се водеше дијалогот, за да учествуваат Србите кои имаат поддршка од Србите од Косово и Метохија … Тој внесе некои негови Срби во Владата за да ги реализира големоалбанските цели”, рече Дачиќ во гостување на ТВ Пинк.
Според него, Курти најавил избори за декември во општините каде што советниците поднеле оставки и дека тоа е „нов датум за конфликти”, пренесе Бета.
Дачиќ рече дека Курти е „незрел политичар кој со своите потези сака да го дестабилизира целиот регион” и го нарече терорист. Политиката на Курти, како што рече, е „политика на конфликт, додека простапот на Србија е предвидлив и секогаш се почитува договореното