Дачиќ: На Западот му требаше резолуцијата за Сребреница за да ја оправда својата агресијата во 1999 година
За време на гласањето на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН, многу земји сфатија дека воопшто не станува збор за злосторства, ниту за грижа за муслиманите или Бошњаците, туку дека се работи за политизирање на прашањето, рече потпретседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, во изјава за РТС.
Дачиќ изјави дека смета оти при гласањето за резолуцијата за Сребреница во четвртокот најмалку се гласало за природата на злосторството.