Дачиќ: Низ Србија активни се стотици пожари
Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека поради високите температури, но и човечкиот фактор, Србија се соочува со стотици пожари на отворено.
„Само на административната територија на Крагуевац има 148 пожари, додека во Крушевац активни се 10 пожари“, изјави Дачиќ.
Вчера низ цела Србија имало 197 пожари.
„Ангажирани се сите капацитети што ги имаме, имено пожарникари и спасувачи, обични полицајци и хеликоптерски единици. Секако, бараме помош каде што можеме од доброволни противпожарни бригади, цивилна заштита, армијата и се што може да помогне“, рече Дачиќ.
Тој потсети дека постојано предупредувал дека климатските промени во Србија предизвикуваат големи проблеми. зш/