Дачиќ- Од Северна Македонија по телефон бараат помош,ќе испратиме хеликоптери да гасат но да не се гледа како хеликоптери за воена доминација

Српскиот министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави денеска дека телефонски добил барање за помош од Скопје поради големиот број пожари што избувнаа во државава.

„Сè уште не сме го добиле официјално, но разговаравме на телефон.

Побараа од Северна Македонија да им помогне за гаснење пожари“, рече Дачиќ. Дачиќ нагласи дека Србија ќе испрати хеликоптери за гаснење пожари и додаде дека не сака тоа да се гледа како испраќање хеликоптери за воена доминација.

Back to top button
Close