Дафина Стојановска: Како мува да ме полазала кога Маричиќ ми испрати сигнал


Сите пратеници треба да реагираат на делото од вицепремиерот Бојан Маричиќ. Ова го побара пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска говорејќи од собраниската говорница, додека позади неа беа речиси сите пратениците од нејзината парламентарна група.

„Јас воопшто не сум, значи како мува да ме полазала од она што ми го испрати како сигнал вицепремиерот за евро-интергации. Ова е чин на понижување на парламентот во ова Собрание, ова е чин на понижување на демократијата во оваа држава“, изјави пратеничката од редовите на ВМРП-ДПМНЕ Дафина Стојановска.

Таа рече дека сите кои работат во Собранието треба да реагираат, бидејќи лица кои доаѓаат од надвор се однесуваат кукавички, подмолно.

„И сега замислете немало камери кои го доловиле неговото однесување. Замислете, нема камери. Дали вака се однесувате со вашите сопартијки ме интересира? Дали имате жива мајка, сопруга, деца, сестра? Вака ли се однесувате? Вака ли ви дозволиле?“, додаде Стојановска

Парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од вицепремиерот, но седницата потоа беше прекината од страна на потпретседателот Горан Мисососки.

Инаку за време на првиот дел од седницата, пратеничката додека говореше наводно вицепремиерот ѝ испраќал бакнежи. Но подоцна тој го демантираше тоа.

Back to top button
Close