Даглас Коста и Тијаго Данташ го напуштаат Баерн на крајот од сезоната
– Фудбалерите на Баерн Минхен, Даглас Коста и Тијаго Данташ, ќе ги напуштат редовите на актуелниот германски првак на крајот од сезоната, соопшти клубот.
Коста (30), кој беше позајмен сезонава од италијанскиот прволигаш Јувентус, ќе ја продолжи кариерата во бразилскиот прволигаш Гремио, додека 20-годишниот Данташ ќе се врати во португалска Бенфика од каде дојде како позајмен играч во редовите на Баерн.
Баварскиот клуб сезонава ја освои деветтата последователна титула во Бундеслигата, а во последното коло денеска на домашен терен ја пречекува екипата на Аугсбург.