Дали децата во Конче пиеле небезбедна вода?
Денеска во соопштение на Детската Градинка во О. Конче, известуваат дека водата која ја пијат децата во градинката, не е за консумација од страна на човекот. Иако ЈКПД ЛАКАВИЦА пласира лажни извештаи, сепак се докажа дека водата не е безбедна, велат од таму.
Според последните наоди направени на 23.09.2025 ве известуваме дека водата е бактериолошки загадена и не е безбедна за консумација од страна на човекот иако ЈКПД ЛАКАВИЦА пласираа лажни извештаи сепак се докажа дека водата НЕ Е БЕЗБЕДНА. Ова е особено загрижувачки бидејќи станува збор за детска градинка каде секојдневно престојуваат деца.“ – стои во објавата.
Оттаму повикуваат до надлежните да преземат мерки за решавање на овој проблем и да обезбедат вода која децата ќе може да ја консумираат.
„Здравјето на најмладите мора да биде највисок приоритет – водата е најосновното човеково право и нема место за негрижа и одлагање!“ – додаваат од Детската Градинка.
Во прилог Резултати од испитувањето.