Дали ДПА ќе стане дел од владата на Мицкоски? Еве што вели Тачи!
Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, денеска истакна дека без разлика на различните гласини, неговата партија нема да стане дел од актуелната влада, пишува познатиот портал на албански јазик Лидери.мк.
„Не, тоа е небитно, јас од почеток реков дека тоа нема да се случи! Свесен сум што кажав. Ќе бидам наклеветен ама ќе се убедат, поминаа 7-8 месеци од кога не ги контактирам. Ситуацијата е толку жална, толку алармантна што секој што размислува на овој начин или не знае политика или е соучесник на овие колаборационисти кои сега се на власт“, изјави Тачи.