Дали ДУИ ќе назначи координатор и во Сарај? – Беџети: Не би било изненадување, не се почитува статутот на ДУИ


Организациониот секретар на ДУИ, кој е

    дел од „Огнената група“, Блерим Беџети, вели дека нема да се изненади доколку и во овој огранок партијата назначи координатор, како што се случи во Чаир.

    Блерим Беџети: Статутот на ДУИ не познава такви форми на назначувања. Кога почна да не се почитува статутот, се е можно и не би било изненадување.

    Какво непочитување?

    „Според статутот нема координатор, има вршител на должност, претседател на огранок кои се предвидени со статут како надлежни од претседателот на партијата. Затоа велам дека не се знае кој ги назначува, промовира. Член на владин кабинет нешто што во реалност е надлежност на партијата“, вели Блерим Беџети.

    Пред неколку дена, Бујар Османи, со поддршката на претседателот на партијата, Али Ахмети, беше назначен за координатор на политичките активности на Чаир, во време кога огранокот има претседател, а тоа е Изет Меџити, еден од водачите на таканаречената „Огнена Група“. Ваквата одука според Меџити е „неуспех“ бидејќи, како што рече, Османи ја нема поддршката на граѓаните и структурата на Чаир.

    „Експертот на интеграциите, на надворешните работи, и на здравството и портпаролот, во овој случај ангажиран и за состојба во која треба да се вклучи целата партија за да придонесеме како да дојдеме до уставните измени, како да ги подобриме односите со Бугарија, и во ваква ситуација да го остави сето тоа настрана и да дојде да се бави со структурите не го сака, значи една од главните забелешки е во текот на овие 3 или 5 години тешко некој да ги сретне некаде во Чаир, тешко некој да стапи во контакт со нив“, посочи Изет Меџити.

    Таканаречената „Огнена група“, на чело со Изет Меџити, Муса Џафери, Блерим Беџети и уште неколку други важни поединци од ДУИ, веќе подолго време бара смена на Артан Груби од прв вицепремиер, но и други министри од нивната партија, кои ги обвинуваат за нереализирање или слабо реализирање проектите.

Back to top button
Close