Дали е Ратко Младиќ воен злосторник или „небесен генерал“ како што го нарекува Далибор Китановиќ , функционер во владата на Мицковски

фб статус на Fatmir Bytyqi пратеник во собранието на Р,С.Македонија
Индивидуалниот вредносен пад на еден функционер никогаш не останува изолиран само како негова лична слабост кога тој е избран, именуван и толериран од Владата. Особено кога станува збор за директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, институција која треба да биде чувар на довербата, инклузивноста и достоинството на сите различни заедници кои постојат во Македонија.
Директорот Далибор Китановиќ со објавата во која Младиќ е претставен како „небесен генерал“, испрати порака која не може да се прифати како израз на лична симпатија или невнимателен потег на социјалните мрежи. Станува збор за вредносна запуштеност во системот што го поставил таму и на Влада која очигледно нема изградено чувство за границата меѓу јавна функција и националистичка романтизација на злосторството.
Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. Зад неговото име се мрачно се наталожени Сребреница, масовни гробници, убиени луѓе, распарчени семејства, протерани цивили и болка што Балканот нема право да ја релативизира.
Најопасната последица се состои во тоа што на овој начин на младите генерации им се дава отровна лекција дека злосторството може да се прекрие со мит и да се преименува во чест. Како општество стоиме исправено пред институционално толерирана морална педагогија на пропаста која создава генерации кои ќе ја наследуваат омразата како да е доблест
.
Владата мора јавно да каже дали институција што треба да ги штити правата на заедниците може да ја води човек кој не ја разбира разликата меѓу историско паметење и величање на осуден воен злосторник. Молкот во вакви случаи не е неутралност, тој може да биде само сочувство во уништувањето на моралниот компас на генерациите што доаѓаат.
—






