Дали идната кралица на Белгија ќе мора да го напушти Харвард поради забраната на Трамп?

Принцезата Елизабет, 23-годишната идна кралица на Белгија, штотуку ја заврши својата прва година студии на Харвард, но забраната што ја воведе администрацијата на Доналд Трамп за странски студенти би можела да го загрози нејзиното понатамошно образование.

Администрацијата на актуелниот американски претседател во четврток го укина овластувањето на Харвард да запишува меѓународни студенти. Ова би ги принудило сегашните странски студенти да се префрлат на други универзитети или да го изгубат својот легален статус во САД, со најава дека мерките би можеле да се прошират и на други високообразовни институции.

Судот вчера привремено ја блокираше оваа одлука, обезбедувајќи привремено олеснување за илјадници студенти. Нови судски рочишта се закажани за следната недела, а администрацијата на Трамп има право да поднесе жалба на одлуката на судот за блокадата.

„Принцезата Елизабет штотуку ја заврши својата прва година. Влијанието на одлуката [на администрацијата на Трамп] ќе стане појасно во наредните денови и недели. Моментално ја истражуваме ситуацијата“, изјави Лоре Вандорн, портпаролка на белгискиот кралски двор.

„Моментално го анализираме тоа и чекаме работите да се смират. Многу повеќе може да се случи во наредните денови и недели“, додаде директорот за комуникации на палатата, Ксавиер Берт.

Елизабет студира јавни политики на Харвард, двегодишна магистерска програма која, според веб-страницата на универзитетот, ги проширува хоризонтите на студентите и ги усовршува нивните вештини за „успешни кариери во јавната служба“.

Принцезата е наследничка на белгискиот престол, како најстара од четирите деца на кралот Филип и кралицата Матилда. Пред да дојде на Харвард, таа дипломирала историја и политика на Универзитетот Оксфорд

Back to top button
Close