Дали кавгите во Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се повод за контра-анкетата на ИПИС?

Еден ден по изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека во рамки на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ имале несогласувања меѓу Мицкоски и членовите на ИК излезе анкета на Институтот за политички истражувања на Божиновски.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ , на кои е повика порталот Зум брифираат дека изјавите на Ковачевски имаат основа, дека во изминатиот период на неколку седници на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ имало сериозни кавги каде централна фигура бил претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Членовите на Извршниот комитет му замериле на Мицкоски за изјавите во јавноста кои често се разликуваат една од друга, дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник за ново мнозинство и брзи избори, дека ќе прифатат уставни измени по хрватски модел, па дека немало никаква шанса да се даде поддршка за уставните усогласување и се до тоа дека ВМРО секогаш било на европскиот воз.

Информации од Извршниот комитет велат дека ситуацијата ескалирала по излегувањето на анкетата на НДИ каде се виде нов пад на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, според оваа накета, половина од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ немале доверба во Мицкоски и се уште како лидер го перцепираат Никола Груевски.

Истите извори тврдат дека потпретседателот на партијата, Александар Николовски бил задолжен лично да спроведе операција “контра анкета” и да му се јави на Божиновски за консултација на кој начин да се поправи штетата предизвикана од анкетата на НДИ.

Многу бргу Институтот ИПИС излезе со анкета, според која ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат многу повисок рејтинг од она што го покажуваат анкетите на кредибилните агенции, како онаа на НДИ.

извор: Зум

Back to top button
Close