Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ изјави дека ќе правел „сјајна патека“ на Водно. Но, наместо оваа идеја да биде прифатена со ентузијазам, дел од граѓаните веднаш реагираа дека тоа е директен напад врз планината која е едно од последните зелени белодробни богатства на Скопје. Реакциите се дека се отвора пат за кафеани, урбанизација и понатамошно уништување на Водно.


Ваквите дилеми не се без основа. Само што стивна дебатата за изградба на ресторан на врвот, сега се нуди проект што ветува осветлување и лесен пристап до планината и во текот на ноќта. Прашањето е: дали навистина станува збор за проект за рекреативци или за вовед во нова етапа на претворање на Водно во урбана забава зона?


„Сјајна патека“ според Лабудовиќ е визија со која Водно нема да „згасне“ по зајдисонце. Дополнително, Скопје веќе има примери како изгледаат јавните простори откако ќе им се даде „урбана“ функција – Градскиот парк е претворен во зона на дискотеки и кафулиња со гласна музика, каде што мирот и природата одамна се изгубени. Дали Водно е следното?


Наместо да се осветлува, Водно треба да се заштитува. Наместо да блеска во мракот со ламби, треба да блеска со својата природа и чист воздух. Скопје нема другa планина. Затоа граѓаните со право прашуваат: дали „Сјајна патека“ е само патека кон нови кафеани и бетонирање на Водно?

Back to top button
Close