Дали опозицијата треба да овозможи 2/3 мнозинство за промена на организацијата на министерствата?

Дали опозицијата треба да овозможи 2/3 мнозинство за промена на организацијата на министерствата?

Да – само ако мнозинството пристапи кон: – дополнување на уставната Преамбула според

Дополнителниот протокол, – промена на раководствата на Националната радио телевизија и Агенцијата за аудио-визуелни услуги, на кои им е истечен мандатот, и – донесување на Законот за примена на рестриктивни мерки.

Со јасен и транспарентен договор за прекин на секаква “трговија со пратеници”. Партиски легитимно, политички ефикасно.

Пар пратеници што и недостигаат за 2/3 мнозинство на новата власт не го намалува легитимитетот на проектираната промена.

Впрочем ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во континуитет си манифестираа “разбирање” за многу вакви прашања.

На пр. за цензус за “третиот и четвртиот мандат” на Иванов. Обично под плаштот на “државништво” и “сплотување”. За и ова да не биде прашање во кое мнозинството граѓани се колатерала во партиските калкулации, со ваков предлог на опозицијата на чистина ќе се изнесе:

– Дали ВМРО-ДПМНЕ се помири дека Рамковниот, Преспанскиот и Софискиот се гаранција и за европската перспектива на земјата и за идентитетот на македонскиот народ низ нацијата на Северна Македонија? – Дали СДСМ е за европски интеграции и кога е во опозиција?

– Дали за ДУИ функционалноста на институциите зависи само од тоа дали е во власта или не? – Дали ВЛЕН е подготвен евтино да го супституира принципот на суштинска претставеност со обично учество во една влада?

Ивон Величковски

Back to top button
Close