Дали тим од МНР е во Бугарија на тајни преговори, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Дали денеска има тим од МНР кој е пратен во Бугарија да преговара за францускиот предлог, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали е точно дека овој тим денеска преговара за предлогот да биде ставен во протокол за Европската унија? Дали со ова молчење, тимот од МНР ја крои тажната судбина на државата, далеку од очите на јавноста каде што ги води овие преговори во Софија?

Ковачевски, Османи, Маричиќ и сите останати да одговорат што работат и што преговараат тајно, далеку од очите јавноста во однос по ова прашање поврзано со францускиот предлог, изјави партискиот портпарол, Димче Арсовски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close