Дали во „стратешкото партнерство“ со Велика Британија има и камп за мигранти во Македонија?

Британскиот „Дејли Мејл“ објави дека албанскиот премиер Еди Рама го одбил британскиот премиер Кир Стармер за градење на камп за мигранти, односно лица кои Велика Британија ги одбила за азил или сака да ги депортира.
Сепак, на заедничката прес-конференција Рама рече: „Уште од првиот ден кога го започнавме овој процес со Италија, бев многу јасен дека ова беше единствен случај со Италија поради нашите многу блиски односи, но и поради географската положба, што има многу смисла.“
Стармер одби да ги именува можните земји кои би ги прифатиле мигрантите од Обединетото Кралство, но Дејли Мејл ги споменува Србија, Босна и Македонија.

Од Владата велат дека договорот се преговарал повеќе месеци a детали ќе објавеле многу скоро
пренесе инфомах мк