Данела Арсовска: Диви приклучоци на „Пластичарска“, единствено постапија од ЕВН и „Водовод и канализација

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека се фатени голем број на диви приклучоци на „Пластичарска улица“, но дека единствено е постапено само од ЕВН и „Водовод и канализација“.

– Од сите институции единствено ЈП Водовод и канализација и ЕВН постапија по нашите пријави за незаконско градење без проект, без документи и исклучија диви приклучоци. Од општината Чаир иако знаат дека не издале дозвола за градење се кријат некаде, дозволуваат да се продолжи со незаконско градење и кој знае што имаат ветено, објави Арсовска на социјалните мрежи.

Таа го повика и министерот за транспорт Александар Николоски да реагира преку Државниот инспекторат за градежништво и најави нови 20 случаи на криминал со дивоградби.

– Ќе му јави некој на министерот за транспорт Ацо ДубаиНиколовски дека неговиот Државен градежен инспекторат има и тука надлежности исто како во ДЕЛЧЕВО и МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА или пак ќе се прави дека не е информиран!

Од понеделник следете нѐ со нови 20 случаи на криминал со кој Висар Ганиу има гарантиран влез во гинисовата книга на рекорди!, додаде Арсовска.

Back to top button
Close