Данела Арсовска: Новите 20 предмети подготвени и испорачани до обвинителство

Новите 20 предмети подготвени и испорачани до обвинителство. За појаснување како одел процесот:

1. Си почнуваат газда Вики и газда Ики да си градат нова НЕБЕЗБЕДНА зграда. 

2. За да заштедат на проекти, документации, безбедност и комуналии си вадат од бројчињата за легализации до 2011 што си ги имаат во општина Чаир . 

3. Иако законот за легализација не важи за цели згради, си наоѓаат неколку лица на чие име ќе ги запишат зградите.

4. Со парите и моќта која ја имаат со години, не внимавале многу на како и на кого ќе запишуваат дека градел

5. Лицата на кои им легализирале денес се полнолетни, но на барањата и изјавите кои ги терале да ги потпишат во општина под фалц бројчиња, стои дека ги “доставиле” во 2011 година, кога имале 5,6 или 10 години (очигледен фалсификат)

6. Во нив стои и дека децава граделе до 2010 година, за што ИТНО треба да се провери од каде демес, а богами и во 2010 година овие деца имале милиони

7. Резимето е дека сите овие лица како Бујар, Беким, Јасин, Севда, Адис и сите останати се употребени или злоупотребени во постапки за легализација, бидејќи е јасно дека немале ни деловна способност на 5 години, ни пари да градат згради

Сите овие лица се сведоци на кои им овозможил некој од општина Чаир со фалсификат да го запишат на нивно име. 

Посебен предмет има отворено во Основното јавно обвинителство за фалсификување на архивската книга за легализации, од каде ќе се утврди дека овие деца не поднеле барања во 2011 година!

Back to top button
Close