Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во објава на Фејсбук остро ја коментираше денешната изјава од Владата и му се обрати директно на премерот Христијан Мицкоски.
„Мицковски несреќо, на кого се закануваш?
Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо.“, пишува Арсовска
Таа понатаму ги обвини „партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ во јавните претпријатија“ за проблемите со ѓубрето во градот:
„За ѓубрето низ Скопје е одговорна ТВОЈАТА криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска која е претседател на Управниот одбор…
За ѓубрето низ Скопје се одговорни ТВОИТЕ градоначалници кои сред избори повикаа граѓаните да фрлаат кабаст отпад…
За ѓубрето низ Скопје е одговорно ТВОЕТО министерство за здравство, кое МИЛИОНИ му должи на Комунална хигиена. Нив ќе им влезеш ли со полиција несреќо?“
Во завршниот дел од објавата таа ја оцени централната власт како корумпирана и ја доведе во прашање нејзината ригорозна легитимност:
„По корумпирана и по плитка власт од ТВОЈАВА не постоела, ни ќе постои некогаш во Македонија. Уствари заборавив Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш ЛАЖЕШЕ, како и за сѐ друго што ЛАЖЕШ денес.“, истакнува Арсовска.
Владата, како што соопштија владините служби претходно, го задолжи Министерството за внатрешни работи во координација со Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје да извршат вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во Комунална хигиена со цел да се утврди состојбата со отпадот во главниот град и да се преземат соодветни мерки.