ДАНЕЛА И ВИСАР ШОУ
Како бе, одма ви текнува да се сомневате во корупција ако модно студио од само двајца вработени ќе шие полициски униформи за 2 милиони евра, а не ви текнува дека нашите полицајци ќе бидат згодни како манекени?
Обвинителството ги отфрли пријавите против директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски за фалсификуван сертификат за англиски јазик издаден од некое студио во Бугарија. Во истрагата, Обвинителството открило дека газдарицата на студиото што ја издало бугарската диплома се отселила, ама нашло уште една диплома која е валидна. Така што, треба да сме горди дека директорот на тајната полиција е толку добар што нема само една, туку има две дипломи по англиски. И ова прашање да се затвори за век и векови – амин.
По оваа опсежна истрага, мислам дека државниот обвинител Љупчо Коцевски не заслужува да биде сменет, и покрај инсистирањето на премиерот Мицкоски.
Исто како што не заслужуваат да бидат сменети и членовите на Судскиот совет, против кои Мицкоски ќе дигаше народ на протести, откако сопругите на советникот на премиерот и на претседателот на Уставниот суд беа унапредени во апелациони судијки.
Не гледам ништо спорно во тоа што некое модно студио од Битола добило тендер од МВР вреден 2 милиони евра за шиење униформи за полициските специјалци.
Како бе, одма ви текнува да се сомневате во корупција ако модно студио од само двајца вработени ќе шие униформи за 2 милиони евра, а не ви текнува дека нашите полицајци ќе бидат згодни како манекени? Треба да бидеме горди оти со оваа Влада која секој ден реди историски успеси, ќе имаме и најубави специјалци на Западен Балкан, па и пошироко, барем до Италија, досега невидени во македонската историја.
Ееее… Само да се мрчело.
Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК