Дани Алвеш осуден на четири години и шест месеци за силување

Судот во Барселона го прогласи Дани Алвеш (40) за виновен во обвинувањата за силување и му изрече казна затвор од четири години и шест месеци.

На бразилскиот фудбалер му се закануваше казна затвор од максимални 12 години, а шпанските правосудни органи го осудија на четири години и шест месеци. Пресудата вклучува и пет години условна казна која ќе стапи на сила по неговото излегување од затворот.

Девет години и шест месеци Алвеш ќе има забрана за доближување до жртвата на која ќе мора да и плати и оштета од 150.000 евра. Претходните 13 месеци Алвеш ги помина во притвор бидејќи шпанските власти проценија дека има ризик од бегство доколку се брани од слобода.

„Задоволни сме од пресудата која ја потврдува вистинитоста на зборовите на жртвата и тагата низ која помина. Се уште мораме да провериме дали тежината на казната е во корелација со фактите“, објави обвиителот.

Ќе потсетиме, Алвеш беше обвинет дека на 31. Декември 2022 година принудил на секусален однос 23-годишна девојка во ноќен клуб во Барселона. Во текот на истрагата пред судот свој исказ дадоа 30 лица, помеѓу нив и жртвата која сведочеше зад затворени врати.

Алвеш од самиот почеток тврдеше дека не е насилна личност и дека сексуалниот чин бил на задоволство на двајцата

Back to top button
Close