Даниел Крејг: Немам ништо заедничко со Бонд

Херојот од петте последни филмови за Џејмс Бонд, Даниел Крејг (53) е целосно незаинтересиран за разните апликации и страници, како Инстаграм, Твитер и Фејсбук, па сега кога „се пензионира“ од улогата во агентот 007, нема да го минува времето сурфајќи.

Во интервју за списанието „Сортед“ (Sorted) тој изјави дека „дефинитивно никогаш во животот“ нема да се појавува на социјалните мрежи.

– Не толку поради оддалеченост од луѓето… Едноставно, јас сакам да имам приватен живот како сите други кои не го прават тоа јавно. Не разбирам зошто луѓето сакаат да разговараат со мене. Јас сум релативно здодевен и си го сакам мојот сопствен простор. Ми се допаѓа каков е мојот живот во мигов. Благодарен сум за сите работи што се случија во мојата кариера, вели Крејг.

Ѕвездата од „Не е време за умирање“ истакна дека за разлика од Бонд, тој е човек кој претпочита да остане дома со сопругата Рејчел Вајс и нивната ќерка.

– Повеќе сакам да се грижам за себе и за мојот дом, за мојата сопруга и за семејството!, нагласи тој.

Back to top button
Close