Даниловски : Луѓето поради Ковид-19 го загубија имунитетот и затоа сега лесно легнуваат во болнички кревет

Епидемиологот Драган Даниловски смета дека загадениот воздух не е главната причина, туку тоа се вирусите кои беа потиснувани изминатите години во епидемијата, поради кои изминатиов период има голем број хоспитализирани со респираторни инфекции.

Според универзитетскиот професор, имунитетот кон респираторните вируси е краткотраен и затоа секој втор човек е со растечен нос или кашла.

Наеднаш ослободените респираторни вируси се најдоа во ситуација да циркулираат меѓу домаќини кои имаат слаба одбрана и затоа има многу тешки клинички слики. Се додека не си го отплатиме долгот, додека не зајакне имунитетот и не си ги запознае старите нерпијатели и не ги воспостави старите механизми, ова ќе трае, објаснува Даниловски.

Во зимските месеци, вели тој, не е можно да се случи цунами на Ковид-, туку сезонски краткотрајни осцилации

Даниловски додава дека данокот кој сега се отплаќа е и поради прекумерна употреба на лекови против Ковид-19.

Back to top button
Close