Даниловски: Се доведовме во ситуација некој од страна да не третира како овци

Во западното општество ние поминуваме голгота за разлика од Истокот, како да возиме на бандаш по калдрма. Западен Балкан баш како да оди по калдрма, нашата предност е што сме мала популација.

Една пандемија може да се реши на природен начин, со прележување и со придобивките на современата наука – вакцинацијата. Ако регистрираниот број на дневни случаи се помножи со фактор 7, дневно имаме 9.000 случаи. Имаме 40, 50 ужалени семејства дневно.

И денес да ни дојдат 2 милиони дози, ефектот може да настане откако ќе се развие заштита, минимум по 2 месеци. На вакцините може да сметаме како превенција за евентуален есенски бран. Затоа мора да се потпреме на рестрикциите, колку и да се тие непопуларни. Не ми е јасно како во 21 век кај нас не можеме да собереме 2 и 2, не можеме да сфатиме дека ако носиме маска ќе го редуцира распространување на вирусот.

Се доведовме во ситуација некој од страна да мора да не третира како овци. Јас така се чувствувам, некој да мора ми наметне рестрикција, јас сум идиот да не можам сам да разберам да се заштитам“ – вели проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог во Студио 10 на ТВ24.

Back to top button
Close