Данке Дојчланд за „мама Меркел“!
Завршната турнеја на Ангела Меркел на Балканот, со бирање на Белград и Тирана како места за значајни политички владини и невладини средби – веројатно тој „прелет“ од Србија и Албанија преку Косово е пораката што германската канцеларка на заминување сака да ја испрати за затворањето на најгорливото статусно регионално прашање – е голем гест на еден од најважните светски политичари на современата европска и глобална политика.
Во целиот свој речиси дводецениски канцеларски мандат, Меркел со посветеност ги следеше случувањата на Балканот, во својот препознатлив, „пригушен“ лидерски манир: без многу сликања и снимања, без ексклузивитети и паради, но со време и трпение да ги ислуша сите разумни страни во споровите за недоразбирањата што ги брануваа регионалните политички и општествени „води“.
Дури и кога Германците спроведуваа „дипломатски офанзиви“ кон регионот – на пример, да не заборавиме, антологиска е посетата на Меркел на Скопје во септември 2018 година, пред овдешното референдумско изјаснување за Преспанскиот договор – тоа никогаш не биле спектакли во стилот на „американската коњица“ или руското подземно и надземно ’ржење. Но, пораките биле јасни и конструктивни, со почитување на локалните фактори како двигатели на регионалните собитија.
Таа нејзина посветеност кон Балканот се покажа како исклучително важен пристап, бидејќи европската и светската политика во минатава деценија поминаа низ толку стресови и турбуленции, што да не беше канцеларката Меркел на важната лидерска сцена во светот, Балканот сигурно ќе беше многу почесто и многу повеќе потпикнуван „под тепихот“ на континенталната политика. Од неа потекна и „Берлинскиот процес“ во 2014 година, кога другите важни лидери на ЕУ на процесот на проширување на Унијата гледаа како на „политичка лепра“ за нивните домашни изборни агенди.
…
Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука