Данок во крв (убија дете) – корумпираниот систем ја усмрти Фросина

Ништо не е случајно! Ниту, пак прв пат случено! Ниту, пак, ќе биде последно!

Ништо не е случајно! Ниту, пак прв пат случено! Ниту, пак, ќе биде последно!

 

Корумпираните, непостојни институции, доведоа до ова зло. Неформално, убиство со предумисла! Системот, партиите кои го создадоа, го убија девојчето!

Власта, сеедно која, од последниве две –три години, ќе ја носи Фросина на душа. Најнапред полицијата, која, после толку прекршоци, не му го одзела возилото! Потоа судско – обвинителската власт, која, постапувала по нарачки, коруптивно, злосторнички…

И на крајот родителите, несовесни и бахати, кои му дале возило без да има возачка дозвола, што, неформално, е исто како да му дале револвер!

-Сто пати сум повторил дека кога се влегува во автомобил за да го управуваш, самиот автомобил се претвора во репетиран пиштол и само едно мало невнимание доведува до испукување на убиствениот куршум…и толку е, нема враќање назад (доктор Ивица Апостолов), според кого, родителите најмногу се одговорни за ова што се случи!

Ужасно асоцира на белградскиот случај во училиштето “Рибникар”. Професорката Татјана Алексиќ, убаво праша: “уште колку Кецмановиќи хараат по скопските улици”!?

Родителите го создале неговото “антачбл” чувство со тоа што направиле толку многу родителски грешки за да детето се чувствува недопирливо за власта, органите на прогонот. Повеќе пати ја злоупотребувале позицијата за “вадење” на синот Васил од кривични пријави и прекршочни дела. За 80 пакетчиња амфетамин Васил престојувал во истражниот затвор “Шутка” само три месеци благодарение на влијателниот татко. Му ги поништувал сите прекршочни пријави на својот син, со што дополнително му давал сила за дивеењето по скопските улици. Како подарок за полнолетството на својот единец родителот му подарува возило, иако знаел дека Васил не поседува возачка дозвола.

Кривична одговорност за сите инволвирани, уште денес, зашто утре може да биде доцна. Чашата е прелиена, не ни бега улицагта, блиску сме до побуна по рецептот на студентите од Србија. Со ист мотив: заробени и непостојни институции!

“Некој го спасувал Васил Јованов, кога во минатото имал проблеми со законот. Откако проструи веста дека Јованов веќе е осуден за дрога, но и дека има прекршочни санкции од МВР за дела сторени управувајќи автомобил без возачка – јавноста бара одговорност од судиите и обвинителите кои го гонеле и одлучувале за тоа како треба односно како да биде санкциониран” се огласи познариот адвокат, Јанаки Митровски.

Прочитај те го неговиот став во целост. Открива многу:

„Дури и во услови кога постои законски исклучок да му се изрече заводска мерка бидејќи немал наполнети 21 година, тој исклучок е крајно рестриктивен и е врзан за неговата личност и околностите под кои е сторено делото.

Фатен е со 80 паковки амфетамин за кој по праксата на скопскиот кривичен суд би добил 1,5 до 2,5 години затвор.

Наместо ќорка е на слобода и наместо да му биде wake up call, батето пијано и без возачка гази нечија ќерка и сестра небаре е куче на улица. Детево е вадено и тоа од МАРС се гледа. Дополнително имал десет прекршочни со кои си го бришел задникот бидејќи му било гајле, пак си возел сепак тате и мама се тука да го вадат.

Очекувајте на судењето кое следи некое спектакуларно вештачење дека пешакот е виновен, го изненадил. Ова буквално сум го видел на предмет. Банана држава би било пофалба за Monkeydonia!!!“.

Адвокатот не нагаѓа. Зборува од искуство. Ќе споделам и јас едно мое, од младите новинарски години. Беше објавено во тогашна “Нова Македонија”. Во југословенско време, кога државата функционираше. Што ќе речеме за денешната?

Во Прилеп, познат лекар уби возрасно лице од прилепските села, кое, на пазарен ден, дојоде во градот на своето магаре. Случајот имаше судска завршница, а вештаците докажаа дека “магарето било пијано, затоа што, пред тргнувањето, на селскиоит казан јадело голушки од сливи и СЕ ОПИЈАНИЛО”!!!???

Веле Митаноски

 

 

Back to top button
Close