Данска трет пат по ред светски шампион во ракомет

Репрезентација на Данска го освои шампионскиот трофеј на Светското првенство 2023 откако вечерва во финалето ја победи Франција со 34:29.

Данска стана првата репрезентација со три освоени титули во низа.

Финалето во Стокхолм одлично го судеа Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Претхоидно во малото финале на Мундијалот во Полска и Шведска, селекцијата на Шпанија забележа победа над домаќинот Шведска со 39:36.

Во меч за 5. место Германија ја совлада Норвешка со 28:24, додека Египет по продолженија ја совлада Унгарија со 36:35 во натпреварот за 7. место.

На 28. Мундијал учествуваше и македонската ракометна репрезентација која на крајот заврши на 27. место

Back to top button
Close