Данска вознемирена дека Гренланд може да биде следна цел на Трамп

Отако САД го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро вчера, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација ќе „ја води Венецуела“ сè додека не се изврши транзиција на власта. Изјавата, како и самата воена интервенција, предизвика загриженост дека Трамп би можел да го насочи своето внимание кон други делови од светот.

 

Особено се зголеми загриженоста за Гренланд, автономна териротира во рамките на Кралството Данска, откако членови на движењето МАГА на Трамп почнаа отворено да коментираат на социјалните мрежи можноста за негово преземање од страна на САД, пренсува Индекс.хр.

 

Дополнителни тензии предизвика објавата на Кејти Милер, десничарска подкастерка и сопруга на Стивен Милер, моќниот заменик-шеф на кабинетот на Трамп за политика. Доцна синоќа, таа сподели мапа на Гренланд на социјалната мрежа X со американско знаме поставено над неа, заедно со краток коментар: „НАСКОРО“.

 

 

 

Објавата, која дојде само неколку часа по воената операција на САД во Венецуела и апсењето на Мадуро, во Данска се оценува како провокација и закана за анексија.

 

Данскиот амбасадор во САД, Јеспер Молер Серенсен, реагираше на објавата, нарекувајќи ја „пријателски потсетник“ за долгогодишните одбранбени врски меѓу двете земји.

 

– САД и Данска се блиски сојузници и треба да продолжат да соработуваат. Безбедноста на САД е и безбедност на Гренланд и Данска. Гренланд е веќе дел од НАТО, вели Серенсен, додавајќи дека двете земји веќе тесно соработуваат на Арктикот.

 

Тој исто така нагласи дека во 2025 година, Данска ги зголемила средствата за одбрана на 13,7 милијарди долари, токму за безбедноста на Арктикот и Северниот Атлантик.

 

– И да, очекуваме целосно почитување на територијалниот интегритет на Кралството Данска“, додаде Соренсен.

 

Гренланд е автономна територија во рамките на Кралството Данска, членка на Европската Унија, со сопствена влада. Островот е стратешки исклучително важен за одбраната, но и за потенцијалните минерални ресурси.

 

Трамп повеќепати јавно изјавуваше дека САД „мора да го имаат Гренланд“, не исклучувајќи ја употребата на воена сила. Минатата година, тој го назначи гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. Ландри му се заблагодари на Трамп за назначувањето, наведувајќи дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави“.

 

Во саботата, Ландри, исто така, јавно го поддржа насилното соборување на Мадуро, велејќи дека Трамп „конечно презема вистински чекори во војната против дрогата“.

 

Минатата година, потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, ја посети американската воена база Питуфик во Гренланд и ја обвини Данска дека не работи „доволно добро“ кога станува збор за безбедноста на територијата.

 

-Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните, рече Фредериксен, додавајќи дека Данска е отворена за дискусии за американските интереси на Арктикот.

 

Данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, претходно заеднички изјавија дека границите и суверенитетот на државите се засноваат на меѓународното право.

 

– Веќе го кажавме ова јасно, а го повторуваме и сега: не можете да анектирате друга земја. Дури ни со аргументот за меѓународна безбедност“, рекоа Фредриксен и Нилсен.

 

Иако мнозинството од приближно 57.000 жители на Гренланд сакаат независност од Данска, анкетите покажуваат дека тие не сакаат да станат дел од Соединетите Американски Држави. Гренланд има право еднострано да прогласи независност од 2009 година.

 

Во мај лани, американскиот претседател изјави за Ен Би Си дека не ја исклучува употребата на сила.

 

– Не исклучувам ништо. Ни треба Гренланд многу, многу, рече Трамп, додавајќи дека станува збор за меѓународната безбедност.

 

Поради сè почестите закани, данското воено разузнавање минатиот месец ги означи Соединетите Американски Држави како безбедносен ризик за прв пат, што се смета за драматична промена во трансатлантските односи.

 

Џенифер Кавана, директорка за воена анализа во тинк-тенкот „Приоритети за одбрана“, предупреди дека заканите на Трамп веќе не можат лесно да се отфрлаат.

 

– Веќе не ми е јасно кој би можел да ги спречи САД да испратат неколку стотици или илјадници војници во Гренланд, изјави Кавана

Back to top button
Close