Дарко Каевски e нов портпарол на СДСМ

Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на партијата, откако претходниот, Костадин Костадинов, беше избран за градоначалник на Струмица.

– Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии.
Пратеник е во Собранието на Република Северна Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Каевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт, претходно работел во приватниот сектор. Во периодот 2018-2020 беше претседател на Социјалдемократската младина СДММ, соопшти СДСМ за биографијата на Каевски.

Партијата наведува дека нејзините портпароли – Дарко Каевски и Богданка Кузеска, им стојат на располагање на новинарите и јавноста за прашања од каков било интерес.

Back to top button
Close