Дарко Каевски: Ние не преговараме со Бугарија, преговараме со ЕУ и со 27 земји членки на унијата кои гласаа за договорот за ФРОНТЕКС
-Ние не преговараме со Бугарија, преговараме со ЕУ и со 27 земји членки на унијата. Тие 27 земји членки гласаа за договорот за ФРОНТЕКС, каде што е воспоставен македонскиот јазик без никакви придодавки и фусноти, како што велеше ВМРО-ДПМНЕ. Од тука гледаме дека официјална Софија нема и ќе нема нови услови за влез во ЕУ на нашата држава. Негирањето повторно доаѓа од страна на опозицијата- вели Дарко Каевски од СДСМ во “Тема на денот” на ТВ Сител.Според него, поддршката која ја државата ја има од најголеми партнери- САД, ЕУ и Германија е уште еден показател на успехот на власт на меѓународен план.
– Текстот на уставните измени е веќе објавен пред повеќе од неколку месец и веќе никој, дури ни најголеми скептиции не веруваат на лажните изјави на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе има бугаризација и асимилација по основ бугарски диктат. Тие и немат никакви забелешки во предлог-текстот и од тука ќе видите дека сето ова се случува со првенствено со цел Христијан Мицкоски да си ја задржи својата фотелја. За ситни политички поени лажат и фабрикуваат вести пред се за да успеат на дневна основа да добијат некаков поен- смета Каевски