Даштевски не знаел дека сестрата на несудената конзулка била ангажирана од ДИК

Фатиме Ејупи, сестрата на несудената конзулка Бесмира, во Државната изборна комисија била ангажирана за локалните избори како помошно тело за општините Дебар и Центар Жупа и за тоа ѝ биле исплатени 1.000 евра, потврдуваат од ДИК откако беше објавено дека освен презентерката и нејзината сестра хонорано била ангажирана од државни институции.

Според објавите во медиумите и базите на податоци „Отворени финансии“, сестрите Ејупи имале договори за ангажман во повеќе општини и институции, меѓу кои и Државното правобранителство, а за нивните услуги за нецела година наплатиле повеќе од 17.000 евра.

 

Од ДИК, каде Фатиме била ангажирана со договор за услуги за ланските локални избори и за тоа зела илјада евра велат дека била предложена од некоја од партиите на Албанците.

 

– Ејупи на предлог на член на ДИК е ангажирана за изборите како помошно тело за општините Дебар и Центар Жупа. ДИК во време на избори постојано ангажира надворешни лица за организирање и спроведување на избори. Не ја познавам Ејупи и не знаев дека таа е ангажирана додека не објавија медиумите. Членовите на ДИК меѓусебе имаат доверба и ги прифаќаат предлозите за ангажман на надворешни лица. Пракса е ДИК да ангажира лица од државните институциите, пред се од Собранието, но хонорарно се ангажираат и надворешни лица. Дали, како и што сработила треба да има во извештајот кој до Општина Дебар требало да го поднесе Ејупи –  изјави за Слободен печат претседателот на ДИК Александар Даштевски

 

 

Back to top button
Close