Даскаловски: Нема да биде лесно, но посакуваме победа во Загреб

Кошаркарите на Пелистер на стартот од новата сезона остварија две убедливи победи во домашното првенство.

Сега ги очекува нов настап во европските купови.

Стартот во ФИБА Европа купот го имаат во Загреб, против екипата на Цедевита Јуниор.

Тренерот Боро Даскаловски со својот тим стигна до две убедливи победи во домашната лига, но тимот сега ќе го има вистинскиот предизвик.

 

– Резултатски гледано мора да се биде задоволен по две така убедливи победи, но кога станува збор за играта, тука како тренер гледам значителен простор за напредок. Чест ни е што како клуб ја претставуваме македонската кошарка во натпреварувањата на ФИБА и заедничка желба е што подобро да се претставиме во ова натпреварување. Цедевита јуниор е квалитетна екипа што ја почитуваме, добро покриена на сите позиции, тим што инсистира на брз напад и транзиција, што игра агресивно на топка во одбраната. Она што ќе треба да го сториме е ние да го диктираме темпото, да не дозволиме да влеземе во ритамот на противникот. Знаеме дека нема да биде лесно, но ќе сториме се веќе на првиот меч од ФИБА Европа купот да стигнеме до позитивен резултат, истакна тренерот на битолчани.

Експедицијата на КК Пелистер од денеска е во Загреб, каде утре со почеток од 19 часот го играат првиот натпревар од ФИБА Европа купот против Цедевита јуниор

Back to top button
Close