Давеникот пронајден кај Трпејца е нуркач

Според најновата неофицијална вест од Охрид давеникот чие тело попладнево е пронајден кај Трпејца е нуркач.

Според очевидци на чинот на пронаоѓање на давеникот се работи за лице кое е облечено во нуркачко одело кое имало опрема за нуркање.

Засега нема официјални податоци за инцидентот.

Предходно портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски не ја потврдува ниту ја демантира трагедијата.

СВР Охрид ја потврди трагедијата во Охридското езеро и даде детали за давеникот од соседната држава.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски попладнево го потврди инцидентот со давење на лице во водите на Охридското езеро и информираше дека се работи за педесет и двегодишен Бугарин кој исчезнал на голема длабочина во близина на селото Трпејца.

Инцидентот се случил денеска во 13 часот и 15 минути се во вадење на телото се ангажирани охридски нуркачи.

,,На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“,стои во соопштението од СВР Охрид.

Извор: expres.mk

Back to top button
Close