Давитковски: Граѓаните казнуваат, тоа што излезноста е под 50% е големо предупредување

При оставка на премиер, паѓа и целата Влада. Тоа е првото ниво. Оставката треба Парламентот да ја усвои. Потоа Претседателот на државата треба да даде доверба на нов мандатар за формирање Влада. Се е јасно, согласно уставот.

 

Мислам дека Претседателот треба да ги повика лидерите на партиите за формирање на голема Влада, за доброто на реформските процеси. Треба да има Влада со полн капацитет, партиите конечно да се свестат и да работат за интересите на граѓаните. На следните парламентарни избори прашање е дали и 40% од гласачите ќе излезат. Без разлика што неизлагањето е 50%, тоа е големо предупредување. Граѓаните знаат да казнуваат“ – вели универзитетскиот професор Борче Давитковски во Студио 10 на ТВ24.

Back to top button
Close