Давкова бара жена да биде генерален секретар на Обединети нации


Осумдесет години по основањето, време е за жена генерален секретар на Обединетите нации бидејќи во свет доминиран од силни мажи со оружје, потребни се силни жени со мудрост – порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето од меѓународниот „Астана форум 2025“ што се одржува во Казахстан.

„Потребни се суштински реформи – Советот за безбедност на ОН да се прошири, реформира и демократизира за да стане поотчетен и поодговорен во одржувањето на меѓународниот мир и безбедност, Генералното собрание да го заземе своето заслужено место како главно претставничко тело не само за дебати, туку и за креирање политики, а пресудите на Меѓународниот суд на правдата да станат обврзувачки за сите“, порача Сиљановска-Давкова во обраќањето од меѓународниот „Астана форум 2025“.

Претседателката оцени дека наместо да се мобилизираат напорите за решавање на итни прашања, како мирот и безбедноста, климатските промени, дигиталната трансформација и растечките нееднаквости, се чини дека се прави чекор назад кон постар светски поредок – оној на Макијавели, Хобс и Клаузевиц, а правилата се заменуваат со моќ.

Back to top button
Close