Де Минаур без загубен гем обезбеди полуфинале во Монте Карло

 

Австралиецот Алекс Де Минаур, (АТП-10) се пласираше во полуфиналето на тенискиот турнир од серијата Мастерс 1000 во Монте Карло, откако попладнево во четвртфиналето го совлада Бугаринот Григор Димитров (АТП-18) со 6-0, 6-0.

Дуелот траеше само 45 минути.

Во полуфиналето, Де Минаур ќе игра со победникот од пресметката меѓу трикратниот победник на турнирот и бранител на титулата, Гркот Стефанос Циципас (ATP-8.) и Италијанецот Лоренцо Музети (16.).

Дваесетишестгодишниот Де Минаур втора година по ред влегува меѓу осумте најдобри во Монте Карло.

Втората полуфинална двојка ќе донесе шпанска пресметка меѓу Карлос Алкараз (АТП-3.) и Алехандро Давидович Фокина (АТП-42).

Back to top button
Close