Де Роси: Сакам да застанам на чело на Бока

 Поранешниот капитен на Рома, Даниеле Де Роси, призна дека негов сон е да се врати како тренер на Бока Јуниорс, каде играше кратко пред да објави дека се повлекува од фудбалот.

Легендата на „волчицата“ зборува за неговиот период во аргентинскиот гигант пред „Ла Нација“ и најави дека сака да се врати во клубот, со надеж дека ќе може да застане на чело на тимот.

– Имам идеја во главата да се вратам како тренер во Бока. Можеби сум последен на списокот на кандидати, но тоа е мојата идеја. Ако работите одеа добро, можев до сега да се сретнам со Нико Бурдисо и да ја започнам тренерската кариера во клубот. Беше малку време пред да започне мојот семеен проблем, рече Де Роси.

Во јануари, 36-годишниот фудбалер ја заврши активната фудбалска кариера по проблеми со повредите и рече дека треба да се врати кај своето семејство.

Де Роси призна дека Бока се обидела да го задржи и тоа е моментот кога сфатил дека мора да се врати во клубот.

Back to top button
Close