Деаноски и Ралповски: Синдикални лидери во функционерски фотелји
Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување донесе одлуки за зголемување на платите на вработените и започнување постапка за избор на нов директор и заменик директор.

Постапката ќе ја води петчлена комисија од членови на Управниот одбор во состав: Ирена Петковска, Дритан Даути, Маја Чемерекиќ Велковска, Димитар Димитриевски и Трпе Деаноски.
Последниот е лидер на Синдикатот на УПОЗ (вработени од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани). Тој е именуван за член на УО од Владата во август 2025 година како претставник на Синдикатот.
Во УО на ФЗОМ покрај горенаведените се и проф. д-р Калина Гривчева Старделова како претставник од Фармацевтска комора на Македонија и Бранко Азески- претставник од Сојуз на стопански комори на Македонија.
И, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски пред два месеци беше избран за нов член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Владата го именува Ралповски за член на УО како претставник на Синдикатот кој е репрезентавен член на Економскиот совет, во случајов КСС со одлука донесена на седница на 3 февруари.
Пет дена подоцна, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деановски и претседателот на Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ), Благоја Ралповски, постигнаа договор со Владата за потпишување поединечни колективни договори со кои вработените во управата и правосудството добија покачување на платите






