Дебар денеска достави барање за еден пулмолог и еден инфектолог

– Општинскиот Оперативен штаб на Дебар, денеска достави барање до Главниот кризен штаб за справување со пандемијата од Ковид-19, во градот да се испратат еден пулмолог и еден инфектлог, потврди за МИА, градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи со Штабот.

Додава дека ваква одлука била донесена на седница на Штабот по анализата на актуелната состојба и се поголемиот број лица кои со симптоми на опасниот вирус се јавуваат во Општата болница.

Општата болница во Дебар располага со еден инфектолог а во работната едница на Заводот за јавно здравје има само еден епидемиолог. Во времето кога Дебар беше прво жариште и беше под карантин во болницата престојуваа лекари специјалисти од ова област од здравствени установи од Скопје и други градови од земјава. На своите колеги од голема помош им беше и инфектолог – дебранец вработен во „Дебарски Бањи-Цапа“.

-Апелирам до граѓаните строго да ги почитуваат мерките, носење заштитна маска, одржување физика дистанца, одбегнување групирања. Да бидеме совесни, како што тоа бевме во првата фаза кога успешно ја пребродивме ситуацијата, апелира Дука.

Според денес соопштените официјални податоци од Министертвото за здравтсво, во Дебар во последното деноноќие регистриран е еден случај на новозаразен. Вкупната бројка е 151 од нив активни на болеста се 89,од кои девет се хоспитализирани во Инфективната клиника и болницата „Осми септмври“ во Скопје.

Back to top button
Close