Дебар за прв пат денот на општината го прослави на 23 септември

Општината Дебар денеска за прв пат 23 септември го прослави како Ден на општината , бидејки до минатата година Ден на општината беше 8 септември .

На свечената академија што се одржа по повод Денот на општината претседателот на Советот Башким Машкули нагласи дека со едногласна одлука на Совет на Дебар во текот на минатата година, 23 септември е ден на општината . ,,Со таа одлука за која гласаа сите членови на советот од повеке партии, е одлучено да се подигнат и бисти на двајца градоначалници на Дебар а тоа се Сефедин Пустина кој бил прв градоначалник на Дебар по дебарското востание против Србите во 1913 година и Акиф Леши кој е прв градоначалник на Дебар по втората светска војна , кои се историски градоначалници на Дебар ,, рече претседателот на Советот Машкули. Леши беше и пратеник во Собранието на Македонија во повјаната и пратеник во Собранието на тогашна Југославија .,

Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука нагласи дека станува зборт за два значајни личности за Дебар ,кои засчужуваат да бидат пред седиштето на општината . Пустина тоа го докажа во 1913 година додека пак Акиф Леши по антифашистичката војна .

На оваа академија која се одржа пред општината и беа почитувани мерките за здраствена заштита присуствуваа повеке претставници на општини од нашава земја и Албанија . Присуствуваа и членови на семејствата Пустина и Леши.

КМ

Back to top button
Close