Дебранец возел со 1,74 промили алкохол, поседувал оружје и нападнал полициски службеници

Полициски службеници од дебарското одделение вчера во 1:20 часот во Дебар го лишиле од слобода А.Р.(45) од Дебар, кој управувал автомобил со 1,74 промили алкохол и нападнал полициски службеници.

-Полициски службеници го забележале лицето А.Р. како управува патничко возило „фолксваген џета“ со национални ознаки на САД со чкрипење на гумите и нагло зголемување на брзината. Откако го запреле возилото, тој физички ги нападнал полициските службеници и кај него бил пронајден пиштол, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Додаде дека по извршено алкотестирање, било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а и член 383 од Кривичниот законик

Back to top button
Close