Дефект на уредите за гласање, проблеми на многу гласачки места

 

Уредите за идентификација на гласачите се најголемата новост на овие локални избори. Со нив на избирачкото место управува претседателот на избирачкиот совет или заменик-претседателот.

Првиот чекор што гласачите треба да го следат е да се појават на избирачкото место со валиден документ за идентификација. Гласачите го поднесуваат документот за идентификација до првиот член на избирачкиот совет. Ја симнувате маската неколку секунди за да се идентификувате.

Гласачот потоа го минува вториот филтер за идентификација, го става показалецот од десната рака на апаратот за идентификација на отпечатоци. Апаратот ги содржи податоците на сите гласачи.

Во случај податоците од документот за идентификација и податоците од отпечатоците од прсти да не се совпаѓаат, лицето не може да гласа. Избирачот кој ќе ги помине двата филтри за идентификација оди на третиот чекор, а тоа е да се најде на избирачкиот список.

Откако ќе се најде на избирачкиот список, избирачот се потпишува и му се дава гласачкото ливче за да оди зад параванот и да гласа. Го превиткува гласачкото ливче и го става во гласачката кутија. Избирачот го зема документот за идентификација и го напушта избирачкото место.

Од ДИК велат дека шансите за злоупотреба на биометрискиот уред за идентификација на гласачите се „нула“.

Обезбедени се вкупно 4.000 уреди за 3.480 избирачки места низ целата земја. Резервна опрема е дистрибуирана до општинските изборни комисии, во случај тие да имаат потреба од замена на опремата поради технички пречки за време на процесот на гласање.

Во сите општински комисии во земјава има и персонал за ИТ кои имаат должност да обезбедат непречено функционирање на уредот за отпечатоци од прсти и избегнување на можни дефекти. ИТ експерти се од земјава, но и од германскиот производител на опрема Дермалог.

Во случај апаратот да престане да функционира и не може да се поправи, а не може да се обезбеди негова замена, ДИК одлучува да продолжи да се гласа со стариот начин, УВ ламба и спреј. ДИК постојано повторува дека успехот на користењето на овие уреди ќе се види на денот на изборите бидејќи немало пилот-проект.

Back to top button
Close