„Дехидрирајте од плукање, да ги оставиме семејствата“, рече Мицкоски прашан од пратеник дали се разводнува истрагата за Кочани, за да се штитат функционери

Никола Трајчулевски, пратеник од СДСМ на собраниска седница констатираше дека не постои чувство на морална одговорност кај Владата и дека тоа е поразително за една Влада. Потоа, посочи дека се води селективна истрага за да се заштитат сегашни носители на високи позиции во МВР, Пазарен инспекторат. Објасни дека според нив, истрагата е контаминирана и е обид да се задоволи јавноста за сметка да не се откријат директните виновници за пожарот во дискотеката. Трајчулевски постави прашање до премиерот Христијан Мицкоски дали разводнувањето на истрагата е за да се заштитат функционери.

„Најмалку вие имате право да зборувате за морал, можеби немаме ни ние, ќе кажат граѓаните за неколку месеци, но најмалку имате вие. Мој совет, да ги оставиме семејствата. На мене да удират секој ден, дехидрирајте од плукање, нормално е тоа. Логично е, измислувајте.. граѓаните се тие кои кажуваат дали вашата вистина или онаа вистина која ние ја кажуваме. Да ги оставиме семејствата оти болката и тагата е огромна“, рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање.

Back to top button
Close